„Комунална хигиена“ не подига мрши од домашни миленици, сопствениците сами се снаоѓаат

Фото: Архива

Во првите шест месеци од годинава, по пријава на граѓани, од јавните површини на Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ подигнала 20 мрши од умрени улични животни. Но, доколку на некој граѓанин му умре миленик, тогаш ќе мора да го закопува во двор, по падините на Водно или во околината на Скопје, што е недозволено и казниво, но во градов нема друг начин за сопственикот да се ослободи од мршата на животното.

Таква услуга не нуди ниту „Комунална хигиена“, затоа што како што велат не е во нивна надлежност.

Претпријатието има надлежност за собирање мрши исклучиво од јавни површини, не се врши собирање од домовите на граѓаните. Телата на умрените животни со специјално возило се транспортираат до депонијата „Дрисла“, каде што се одлагаат во посебна јама за оваа намена – објаснуваат од „Комунална хигиена“.

На актуелните локални избори ниту еден од кандидатите не се сети да понуди решение за овој проблем, кој ги мачи десетиците илјади сопственици на миленици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот