Комунална хигиена: Граѓаните да ги почитуваат наведените термини за фрлање ѓубре

Утринава „Слободен печат“ објави фотографии на кои се гледаат преполни и неисчистени контејнери за ѓубре. По нашата објава, со реакција се јавија од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост.

„Како Претпријатие секогаш укажуваме на важноста од почитувањето на термините за одлагање на отпадот од страна на граѓаните, со што би се избегнале ваквите слики и ситуации. На контејнерите има налепници со наведени термини што се совпаѓаат со поминувањето на нашите возила за собирање и транспорт на отпадот. Доколку овие термини се почитуваат и отпадот се исфрла во рамките на наведените два часа, во најголемиот дел од денот контејнерите ќе бидат празни и околината чиста.

Кога станува збор за одлагањето кабаст и градежен отпад, како што е прикажано на фотографиите, ни останува уште еднаш да ги потсетиме граѓаните дека тоа претставува кршење на Законот за јавна чистота на РСМ. Градежниот отпад треба да се транспортира на депонија, додека за кабастиот нудиме решение бесплатно да се одложи во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште“, стои во рекацијата од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот