„Кому ти молчи, олошу еден!“: Прекината седница на собранието на Црна Гора поради КАВГА

Фото: Принтскрин

До конфликт дошло откако Ѓукановиќ поставил прашање дали некој кој живее во Луксембург 30 години и има државјанство на оваа земја може да гласа во Црна Гора, на кое министерот сакаше да одговори.

Седницата на Собранието на Црна Гора накратко е прекината откако пратеникот Милутин Ѓукановиќ (ДФ) тргнал кон министерот за внатрешни работи Мевлудин Нухоџиќ, кој во еден момент од своето место му дофрлил да замолчи, пренесува Блиц.рс.

На кого ти „молчи“? Олошу еден – дофрли Џукановиќ тргнувајќи кон Нухоџиќ, но го задржал неговиот партиски колега Будимир Алексиќ.

По ова, потпретседателот на Собранието, Генци Ниманбег ја прекина седницата, пренесуваат црногорските медиуми.

До конфликт дошло откако Ѓукановиќ поставил прашање дали некој кој живее во Луксембург 30 години и има државјанство на оваа земја може да гласа во Црна Гора, на кое министерот сакаше да одговори.

Ѓукановиќ рече дека не сака одговор бидејќи не поставил дополнително прашање, а таква можност на министерот не му дозволи ниту Ниманбег, кој ја водеше седницата.

Нухоџиќ во Собранието одговараше на прашањето на Ѓукановиќ за тоа дали државјанин на Црна Гора кој подолго живее во странство, според уставот, има можност гласачкото право да го оствари во Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот