Комшиќ и Џаферовиќ и натаму во американската база во Авганистан: Се очекува утре да се вратат во БиХ

Фото: Претседателство на БиХ

Членовите на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ и натаму се наоѓаат во американската воена база Баграм во близина на Кабул во Авганистан, која утрово била нападната, дознава Српскаинфо, а пренесува Блиц.рс.

Според овие информации, планот бил Комшиќ и Џаферовиќ денеска да ја напуштат базата, но  патувањето било одложено, бидејќи финалните проценки гласеле дека тоа би можело да биде доста опасно.

– Утре наутро, по наше време, тие ќе бидат префрлени со авион до Кабул. Оттаму ќе се упатат назад во БиХ – тврди соговорник за Српскаинфо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот