Комшиќ го повика Лавров да ги почитува своите претходни ставови за влезот на БиХ во НАТО

Фото: Принтскрин

Претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ го повика рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да ги испочитува своите претходни ставови за евентуалниот влез на БиХ во НАТО.

Комшиќ истакна дека „никој не се обидува да ја вовлече БиХ во НАТО, туку дека од претходно има одлука на Претседателството на Босна и Херцеговина, за чие почитување се залагаше и самиот Лавров”.

– Пораката на министерот Лавров до Претседателството на БиХ во тоа време беше дека Русија, во принцип, е против проширувањето на НАТО, но дека доколку НАТО е наш избор, Русија ќе ја почитува таквата одлука на институциите на нашата земја, изјави Комшиќ за порталот вијести.ба.

Според него, и денес сè уште постои едногласна одлука од Претседателството на БиХ, која никогаш не била отповикана, повлечена или сменета, дека БиХ сака да биде членка на НАТО.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека Вашингтон и одреден број западноевропски земји водат политика за вовлекување на Босна и Херцеговина во НАТО, со што ја прекршуваат релевантната резолуција на Советот за безбедност на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот