Компромис по петгодишен спор: Автопат кој поминува низ зграда (ФОТО+ВИДЕО)

Зградата Gate Tower е само една од многуте импресивни згради во Осака, но она што ја прави уникатна во светот е функционалниот автопат што поминува низ неа.

Фотографиите од оваа архитектонска аномалија веќе две децениии циркулираат на социјалните мрежи. Сообраќајот преку 16 катната зграда нема никаков ефект врз луѓето што работат во неа. Лифтовите се наоѓаат на страната на зградата и е добро изолирана од сообраќајниот шум и вибрациите.

 

View this post on Instagram

 

#osakajapan #osaka #japan #gatetowerbuilding

A post shared by Thomas Bachmayr (@thomasbachmayr) on

Gate Tower е резултат на компромис во петгодишен спор за земјиштето. Правата на сопственост ги држеше компанија која се занимаваше со дрво и јаглен уште од втората половина на 19-ти/почеток на 20 век, но состојбата на зградите на земјиштето се влошуваше со текот на времето, како резултат на постепеното опаѓање на бизнисот.

Меѓутоа, во 1983 година, кога беше одобрено обнова на тоа подрачје, сопствениците на земјиштето не добија дозволи затоа што јапонската влада веќе го имаше испланирано автопатот таму. Тоа беше почеток на долга и тешка правна битка.

За да се избегнат понатамошните одложувања во изградбата на автопатот, јапонската влада предложи интересен компромис. Компанијата ќе ја задржи сопственоста на земјиштето, но ќе се согласи автопатот да помине низ нивната сопственост. Делот од автопатот што минува низ зградата на тој начин официјално стана станар, и како таков е наведен на списокот на станарите и плаќа киријата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот