Комплетниот распоред за враќање на сезоната во НБА

EPA-EFE/TANNEN MAURY

Репортерот на „Атлетик“, Шемс Шаранија на својот Твитер профил објави колку ќе биде времетраењето на секоја фаза од рестартот на сезоната во НБА.

НБА лигата со 22 екипи (13 од Западот и девет од Истокот) ќе ја продолжат сезоната во Дизниленд во Орландо.

Како што информира, репортерот на „Атлетик“, Шемс Шаранија на својот Твитер профил објави колку ќе биде времетраењето на секоја фаза од рестартот на сезоната во НБА.

Од 30 јули до 14 август ќе биде доигрувањето на редовната сезона, потоа на 15 и 16 август се турнирите во плејофот за утврдување на последните учесници во плејофот.

На 30 август семејствата и гостите ќе имаат право да пристигнат во Орландо, а од 31 август до 13 септември е полуфиналето на конференциите.

Од 15 до 28 септември се финалните натпревари на конференциите, а од 30 септември до 13 октомври е финалето во НБА.

Екипите ќе имаат можност да одржат тренинг-натпревари од 9 до 29 јули. Странците кои заминаа во матичните земји ќе треба да пристигнат во своите екипи до 15 јуни.

НБА и Здружението на играчи сè уште се во разговори со другите осум екипи кои не добија право на учество. Целта е вонсезонска програма, вклучувајќи тренинзи, кампови и многу повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот