Комплетирани учесниците, познати сите шешири пред ждрепката за ЛШ!

twitter.com/ManCityUS

Ајакс по вторпат со 2:0 го совлада АПОЕЛ, потоа Клуб Бриж двапати беше подобар од ЛАСК Линц, а Славија Прага од Клуж.

Познати се сите екипи кои што ќе играат во групите од Лигата на шампионите за сезоната 2019/20, а ждрепката во Монако е в четврток (29 август) од 18.00 часот.

Сезонава имаме двајца македонски интернационалци во елитата, Елиф Елмас кој летово дојде во Наполи, и Аријан Адеми кој е капитен на Динамо Загреб.

Како изгледаат шеширите пред извлекувањето на групите за ЛШ?

Шешир 1

Ливерпул (Англија)
Челзи (Англија)
Барселона (Шпанија)
Манчестер сити (Англија)
Јувентус (Италија)
Баерн Минхен (Германија)
ПСЖ (Франција)
Зенит (Русија)

Шешир 2

Реал Мадрид (Шпанија)
Атлетико Мадрид (Шпанија)
Борусија Дортмунд (Германија)
Наполи (Италија)
Шахтјор (Украина)
Тотенхем (Англија)
Ајакс (Холандија)
Бенфика (Португалија)

Шешир 3

Олимпик Лион (Франција)
Баер Леверкузен (Германија)
Салцбург (Австрија)
Олимпијакос (Грција)
Клуб Бриж (Белгија)
Валенсија (Шпанија)
Интер (Италија)
Динамо Загреб (Хрватска)

Шешир 4

Локомотив Москва (Русија)
Генк (Белгија)
Галатасарај (Турција)
Лајпциг (Германија)
Славија Прага (Чешка)
Црвена Звезда (Србија)
Аталанта (Италија)
Лил (Франција)

Првите натпревари од групната фаза ќе се играат на 17/18 септември. Во текот на ждрепката се очекува да биде прогласен фудбалерот на годината, потоа фудбалерка на годината, најдобар голман, дефанзивец, играч од средниот и напаѓач за сезоната 2018/10 во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот