Комплетирани групите на олимпискиот кошаркарски турнир во Париз

фото: EPA-EFE/THAIS LLORCA

Сите три групи на Летните олимписки игри во Париз се комплетирани после завршувањето на квалификациските турнири.

Последна репрезентација која успеа да обезбеди пласман на кошаркарскиот турнир е Порторико со триумфот над Литванија (79:68). Порторико ќе биде во групата „Ц“ заедно со селекциите на Србија, САД и Јужен Судан.

Групата „А“, во која ќе играат Австралија, Грција, Канада и Шпанија, дефинитивно привлекува најголемо внимание.

Во групата „Б“ се репрезентациите на домаќинот Франција, Германија, Јапонија и Бразил.

Првите натпревари на олимпискиот кошаркарски турнир ќе се одиграат на 27 јули кога и ќе стартуваат Олимписките игри во Париз и истите ќе траат до 10 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот