Комплетирана листата на 75 најдобри кошаркари во историјата на НБА со Коби, Леброн, Вејд…

Коби Брајант и Леброн Џејмс/ фото: EPA/RHONA WISE

НБА Лигата ги објави последните 25 имиња со што ја комплетира листата од 75 најдобри кошаркари на сите времиња во изборот кој го направи во чест на 75-годишнината од формирањето на најсилната кошаркарска лига на светот.

НБА лигата во 1997 година на 50-годишната од формирањето објави листа од 50 најдобри кошаркари, а сега за новиот јубилеј ја прошири за 25 имиња.

На стартот од новата сезона беше објавена првата листа од 25 најдобри кошаркари, наредната вечер беа објавени уште 25, а утринава сеобјавени и последните 26 кошаркари. Едно име и „вишок“ и сега има 76 наместо најавените 75 кошаркари, а на последната листа е наоѓаат имиња како Леброн Џејмс, Коби Брајант,Шекил О’Нил….

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rachel Nichols (@rachel_nichols)


Единствени европски кошаркари кои се најдоа на листата на најдобри кошаркари во историјата на НБА лигата се Јанис Адетокумпо и Дирк Новицки.

Листата на најдобри кошаркари ја комплетираа: Долф Шејс, Елџин Бејлор, Пит Маравич, Дејв Бинг, Лени Вилкинс, Били Канингем, Ерл Монро, Дејв Дебушер, Шекил О’Нил, Доминик Вилкинс, Денис Родман, Реј Ален, Двејн Вејд, Коби Брајант, Џејсон Кид, Гери Пејтон, Боб Макаду, Пол Пирс, Стеф Кари, Реџи Милер, Кармело Ентони, Леброн Џејмс, Каваи Ленард, Демиен Лилард, Расел Вестбрук и Ентони Дејвис.  

 

Не се знае која е поголема легенда, НБА го објави вториот дел од листата на најдобри кошаркари во историјата

 

НБА лигата ги објави првите 25 од вкупно 75 најдобри кошаркари на сите времиња

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот