Компир во крем сос – Шпански рецепт за малку поинаква компир салата

Вкусна салата која можете да ја јадете во секој дел од денот, а може да ви послужи и како оброк.

Потребни состојки (количините се за 3-4 порции):

½ кг мали компири
3 супени лажици маслиново масло
1 ¼ кафена лажичка сол
½ кафена лажичка бибер
2 чешниња лук, фино исецкан
4 супени лажици мајонез
1 супена лажица лимонов сок
1 кафена лажичка сенф

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 C°. Пресечете ги компирчињата на половини или на четвртини и ставете ги во еден сад. Врз нив сипете 2 супени лажици маслиново масло, ¾ од кафена лажица сол и бибер. Промешајте ги убаво компирите и ставете ги на тава, на која претходно сте ставиле еден слој хартија за печење. Печете ги компирите околу 40 минути, превртувајќи ги двапати додека се печат. Треба да добијат убава, златна боја. Извадете ја тавата од рерна и оставете го компирот да се олади. Во сад помешајте ½ кафена лажица сол, 1 супена лажица маслиново масло, исечканиот лук, мајонезот, лимоновиот сок и сенфот. Убаво промешајте ги состојките и посипете ги врз златниот компир.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот