Компанијата „ВИК” ќе добие државна помош за втор инвестициски циклус

Свеченост по повод 8 Септември - Денот на независноста/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во Владата денеска ќе биде потпишан договор со компанијата „ВИК Македонија” за државна поддршка за вториот инвестициски проект на компанијата.

Договорот ќе го потпишат вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и генералниот менаџер на компанијата „ВИК (WIK) Македонија”, Вернер Шоеб.

Компанијата „ВИК Македонија” работи во технолошко-индустриската развојна зона „Прилеп”. Станува збор за германска семејна компанија која произведува мали електрични уреди наменети за домаќинствата.

Во 2018 година беше потпишан договор со оваа компанија за државна помош. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот