Компанијата на Илон Маск успешно лансираше товарен вселенски брод

Елон Маск

Товарниот брод „Карго Драгон” на компанијата „СпејсИкс” на Илон Маск, синоќа беше лансиран во орбита од стартна платформа на космодромот на НАСА на р’тот Канаверал на Флорида, соопшти Националната аеронаутичка и вселенска агенција на САД (НАСА).

„Карго Драгон” треба да слета на Меѓународната вселенска станица (МВС) на 27 јули. Стартот на товарното летало до МВС е 18-то по ред во рамките на комерцијалниот договор помеѓу НАСА и „СпејсИкс”.

Бродот треба да изврши достава на МВС на околу 2,3 тони храна, опрема и материјали за научни експерименти. Дел од доставената техника е и космички биомедицински 3Д принтер разработен од американските компании „Течшот” и „енСкрипт”. Принтерот ќе биде употребен за експерименти со 3Д печатење на срцеви влакна и органи.

Последен пат „Карго Драгон” достави храна и друга опрема за експерименти на МВС на почетокот на мај. Тогаш на МВС беше донесен прибор за мерење на јаглеродниот диоксид во атмосферата на Земјата и испробана нова технологија на снопови на променливо рентгентско зрачење во Вселената.

„СпејсИкс” е формирана во 2002 година од американскиот инженер и милијардер Илон Маск. Компанијата ги има разработено ракетите-носачи „Фалкон 1″, „Фалкон 9″ и „Фалкон Хеви”, како и вселенскиот товарен брод „Карго Драгон”. Ракетите-носачи се дизајнирани за повеќекратна употреба додека товарниот брод е специјално дизајниран за потребите на МКС. Компанијата исто така разработува и капсула за транспорт на астронаути во Вселената како и патничка верзија на вселенски брод.

Маск исто така е коосоновач на Пејпал” и производител на електрични автомобили „Тесла”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот