Компанијата „Лифт“ предизвика гнев кај клиентите: „Моето презиме е Негро и не сакам да го менувам“

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Секаде во светот има необични имиња и презимиња, а токму поради тоа, одредени корисници на апликацијата „Лифт“ (такси-сервис кој се нарачува со паметен телефон) добија пораки кои ни најмалку не им се допаднаа. Имено, алгоритамот на оваа апликација имињата и презимињата на одредени корисници ги означи како навредливи, и ги замоли корисниците да ги променат, наведува „Гизмодо“.

Некои од тие „неприкладни“ имиња се „Cummings“, „Negro“ ili „Dick“. Овие корисници добија предупредување од компанијата да го променат своето име или да ризикуваат да загубат пристап на својот профил. Неколку од оние кои беа „погодени“ од овие поркаки, на Твитер јавно го искажаа своето незадоволство.

– Навистина се викам Никол Каминг (Nicole Cumming), а името ми е означено како неприкладно од страна на „Лифт“. Не сум воодушевена од сопственото презиме, но не знаев дека ги крши нивните правила, напиша таа.

На Твитер се огласи и девојката Аби Негро, чие презиме се поистоветува со навредливиот збор кој се користи за афроамериканците во САД.

– Дали е ова некаква шега? Се презивам Негро. Имам и документи да го докажам тоа. Не сакам да го менувам своето име на мојот профил само поради вас. Бидете подобри – им порача девојката на челниците на компанијата „Лифт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот