Компанија со срце: Подравка донираше пакети со производи за институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле

Вчера, претставниците на менаџментот на компанијата Подравка заедно со амбасадорката на Р. Хрватска во Р. Северна Македонија Нивес Тигањ, донираа пакети со прехрамбени производи за деца од 0 – 18 годишна возраст кои престојуваат во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања во Козле, како и за болничкиот персонал кој се грижи за нив.

Како општествено одговорна компанија, Подравка води грижа првенствено за најмладите за кои смета дека се нашата иднина, со желба да им помогне кога помошта им е најпотребна токму преку ваков тип на хуманитарни иницијативи.

“И покрај вонредните услови во кои живее регионот и светот, Подравка се труди да помогне онаму каде што е најпотребно. Денеска ќе се обидеме да им украдеме насмевка на децата кои се лекуваат во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања Козле, во Скопје. Во име на сите вработени во Подравка даруваме едно големо срце за побрзо оздравување на децата и нивно враќање во нормалниот живот“, истакнa Игор Мањиќ, директор на компанијата Подравка во Р. Северна Македонија.

 

Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот