Компаниите чии репутации се „распаднаа“ во 2019 година

фото: EPA-EFE/LUONG THAI LINH

Социјалната мрежа на Фејсбук сигурно помина низ тешка година и ова може да се види во најновиот извештај на „Axios“ и „Harris Poll“ – Топ 100 највидливите компании. Брендот го забележа најголемиот пад во рангирањето на извештајот, така што падна за 43 места помеѓу 2018 и 2019 година, објави „Statista“.

Социјалната мрежа речиси едвај остана во рангирањето, затоа што заврши на 94. место. Фејсбук требаше да одговара пред пратениците во светот во 2018 година за тоа како ги споделува податоците на корисниците со трети страни, улогата која ја игра во ширењето на дезинформации и слабостите со кои треба да се бори.

„Тесла“ е на второто место во најголемиот пад – сега таа е на 39. место од 42. позиција. Компанијата за електрични автомобили се бори со оперативните и менаџерските проблеми, откако извршниот директор Илон Маск влезе во судир со Комисијата на САД за хартии од вредност и берзи, а не успеа да одговори на целта за испораки на Вол Стрит, објавувајќи твитови дека ќе ја повлече компанијата од берзата.

Компанијата за спортска опрема „Најк“, исто така, помина една бурна година по ангажирањето на американскиот фудбалер Колин Каперник за една од рекламните кампањи. Компанијата неодамна претрпе и друг послаб удар врз брендот, откако на еден кошаркар од колеџ-лигата му се распадна патиката на „Најк“ за време на кошаркарскиот натпревар со друго училиште и притоа тој заработи повреда на коленото. И за да станат работите уште полоши, претседателот на САД, Барак Обама (2009-2017 година) присуствуваше на натпреварот и беше виден како вели „патиките му се распаднаа“, со што уште повеќе ги засили привремените неуспеси на „Најк“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот