Коморските Острови ѝ донираа 100 евра на Кина за борбата против коронавирусот

Фото: EPA-EFE/WALLACE WOON

„Ги знаеме капацитетите и средствата на Кина, но со овој гест сакаме да покажеме колку Коморите се загрижени поради коронавирусот“.

Дека и најмалата помош во неволја е важна, покажуваат Коморските Острови, малата држава во Индискиот Океан, која на Кина ѝ донираше 100 евра во борбата против коронавирусот, пренесува „Б92“.

Церемонијата е одржана во главниот град на таа земја, Морони, во јануари, но медиумите за тоа известуваат дури сега.

Парите на амбасадорот на Кина на Коморите ги предала делегација која ја предводел лекарот Ахамада Мса М’лива, пренесува пораталот „Трибун експрес“.

Тој рекол дека парите се симболичен подарок за Кина за купување на маски.

– Ги знаеме капацитетите и средствата на Кина, но со овој гест сакаме да покажеме колку Коморите се загрижени – рекол лекарот.

Тој дополнително ги пофалил кинеските власти за комуникацијата и соработката со меѓународните организации кои се борат со епидемијата на коронавирусот, што го опиша како „сложено и болно искушение“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот