Комитите се налутија по новиот кикс на Вардар

Фудбалерите на Вардар ремизираа со Беса/Фото: facebook.com/FKVardarSkopje

Екипата на Вардар повторно ги разочара своите навивачи играјќи нерешено 2:2 на домашен терен против Беса.

Ова е втор натпревар на вардарци без победа, откако во минатото коло загубија од Велешта, а тоа ги налути верните навивачи „Комитите“ кое се огласија преку социјалните мрежи.

„ После едно вакво очајно издание на клубот кој сите го сакаме, прашањето е како дојдовме до ова ниво, и како и дали може да се спаси сезоната?

Очигледно е дека голем дел од играчите не се достојни да го носат дресот на Вардар, и чесно е самите да си заминат сите оние кои не се чувствуваат спремни да го вратат Вардар во прва лига. Нема патетики, и јасно е дека сме со клубот во секоја ситуација, но време е за радикални промени, пред се во пристапот кон играта, затоа што се добива впечаток дека играчите не знаат каде играат, иако голем дел од нив веќе и предходно го носеа тој дрес кој значи нешто, и со кој нема играње…

Да бидеме прецизни, Никола Глигоров ја има нашата безрезервна поддршка, а истото се однесува и за Бајо ! Тие се прекалени борци кои на сите можни начини покажале и докажале дека не само што се достојни, туку и се предводници на Вардар со лидерски капацитет. Проблемот сега очигледно е во играчкиот кадар, и доколку за брзо време не успеат радикално да се надминат себеси, голем дел од играчите ќе мораат да го напуштат клубот ! Ние никој во клубот кој го носи Вардар во трета лига нема да го толерираме ! Ваков срам каков сега му се носи на клубот не сме доживеале до сега, дури и лани кога со солзи во очите испаѓавме гледајќи го неизбежното, бевме горди затоа што капацитетот беше тој, и згора на тоа Вардар беше турнат за да испадне, од разни страни, и од власта и од опозицијата, од нивните газди од Чаир кои се пали-гаси во државава, од душегрижниците, од ФФМ, од душманите ! Едноставно не му се даде шанса ! Затоа е невкусно и лицемерно истите тие кои кумуваа на сценариото, ракоплескаа, и го злоупотребуваа за партиски цели, сега да го носат тој свет дрес! Лицемери МРШ ! Можевте, но не сторивте ништо, и со вас е завршено.

Многумина предвидуваа дека токму ова ќе се случува, дека “овие се дојдени да го потонат Вардар”, но ние не верувавме и не веруваме, па покажете дека сме биле и сме во право !

Дигнете го Вардар, и ние ќе го понесеме товарот и ќе бидеме со Вардар и во пеколот ако треба, но бидете храбри !

Играчите моментално ги имаат сите можни услови за тренинг, добар терен, витамини, сумплементи, добра исхрана, навремени плати, поддршка од сите страни, а ветер во грб од нас…Па каде е проблемот?

Немаме мир, и не се ни поздравивме со нашиот голем другар, Вардарец и Комита – Даре Змија како што заслужува. Па затоа сега уште еднаш ја повикуваме неговата душа да почива во мир…Ќе се вратиме брату наш, ќе се вратиме многу моќни, ќе биде горд цел Комитски Небесен Коп!“, стои во сооштението на Комитите.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (5. коло)

Вардар – Беса 2:2
Тетекс – Силекс 0:2
Кораби – Кадино 1:0
Воска Спорт – Велешта 4:0
Гостивар – Охрид 2:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот