„Комити“ со успешна акција: Рекордно продадени 33,381 билет за спас на ФК Вардар!

Верните „Комити“ и во најтешките моменти секогаш се покажуваат на врвно ниво, во овој случај успешна беше нивната акција „Купи билет за спас на ФК Вардар“.

Беа продадени вкупно 33,381 виртуелен билет или собрани 3,338,100.000 денари во обидот да се спаси најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија.

Тоа е точниот број на продадени виртуелни билети за натпреварот од Првата лига помеѓу Вардар и Пелистер.

Благодарни сме на сите кои ја поддржаа нашата акција. Градски стадион е распродаден, ова беше сеопфатен подвиг и акција која беше поддржана од народот. Организирана беше од нас, а беа продадени 33.381 билети и со тоа е урнат секој рекорд на спортски натпревари. Вардар ќе живее иако тоа некој не го посакува. Ќе живее бидејќи го има народот зад себе. Иако шансите за било каков подвиг се сведени на минимум, ние веруваме во нив. Во овој случај успех е опстанок. Верувам дека ќе успееме во тоа – изјави Милорад Милонковски предводниккот на акцијата на „Комитите„.

Срушен е секој рекорд од било кој спортски натпревар на Националната арена и воопшто во било кој друг спортски настан.

Ќе останат нешто повеќе од два милиони денари кога од оваа сума ќе се одземат данокот и останатите трошоци. Истите средства ќе одат кај фудбалерите и стручниот штаб на клубот.

На овој клучен и голем момент учествуваа и играчите на ФК Вардар..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот