„Комити“ со порака за душманите на Вардар: Ви ветуваме непријатни моменти, Вардар не може да биде уништен, а ниту ние

Најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија се соочува со испаѓање од Првата фудбалска лига, откако денешниот пораз од Работнички (1:3) му ја направи речиси невозможна мисијата на Вардар да ја избегне преселбата во втората лига.
Вардар минатата сезона беше шампион, а во наредната можно е да игра во Втората лига и тоа поради „дворските“ игри околу клубот.
Најверните навивачи на Вардар, „Комитите“ по поразот од Работнички се огласија на социјалните мрежи и им се заканија на сите кои го доведоа клубот до работ на бездната.

„Им смета Вардар, па решија да не постои…

Го однесоа во темни зандани заклучен без храна и вода, а тој стана светлина и алхемија, па произведе самиот се што му треба да преживее…
Го фрлија во водата за да го удават – а тој научи да диши и на шкрги и со паузи…

Го бутнаа во железарските печки за да го изгорат, но неговата точка на топење е многу над температурата која таму може да се создаде…
Нам ни го создадоа овој кошмар за да не скршат, да ни го уништат моралот, да се откажеме и заедно со Вардар да исчезнеме…
Но наскоро оние кои го креираа ова сценарио за разнебитување и уништување на Вардар и нас, ќе разберат дека Вардар не може да биде уништен, а ниту ние.
Истовремено ќе се соочат со фактот дека од нас создадоа непријатели, со кои тешко ќе можат да се носат.

Цел овој период можеа да се уверат сите колку е силна нашата врска со Вардар, што се можеме ние да направиме за нашата љубов, колку можеме да бидеме конструктивни и трпеливи.

Оние кои Вардар го доведоа до ова дереџе, но и оние кои можеа, но не спречија, сега  веројатно тријат раце и се надеваат дека Вардар ќе го снема, а со тоа и нивниот проблем ќе исчезне. Веројатно и другите веруваат дека со Вардар второлигаш нас ќе не нема, и ќе продолжи цело ова системско отстранување на симболите на она што не прави засебни, ќе се загубиме во зомбификацијата и ќе станеме аморфна маса лигави луѓе, роботизирани климачи со глава без ништо да не врзува еден со друг, без колективна свест, без да знаеме кои сме.

Веројатно дојде време кога на дело ќе мора да ја покажеме нашата деструктивна моќ!
Да почнеме да им брцаме прсти во очи на сите душмани, и да им го унередуваме секојдневието до неподнослива точка.
Да почнеме да се интересираме и да дејствуваме во политички разврски, но не заради тоа што имаме фаворити, туку затоа што имаме Анти-фаворити, и ако и до сега не не интересирало кој ќе победи, сега ќе работиме на тоа кој да изгуби.
Ви ветуваме непријатни моменти, и живот кој и со милионите и политичката моќ кои ги имате, ќе ви биде бедно и неподносливо.
Со Вардар и до крајот на светот !

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот