„Комити“ со пет причини да се наполни СЦ „Јане Сандански“ в среда против Мешков

„Комити“ подготвени за нова одлична атмосфера во СЦ „Јане Сандански“ по која се препознатливи во Европа/Фото: rkvardar.mk Денис Дуковски

Денеска ракометниот клуб Вардар 1961 уште ги потсети фановите дека може да се купат билети за утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против белорускиот Мешков Брест кој ќе се игра од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Воедно РК Вардар 1961 информира дека билети за овој меч ќе се продаваат и пред салата. Повеќе околу продажбата на билетите ТУКА

Поради ситуацијата со ковид-19, дозволено е користење на 30 отсто од капацитетот на салата, до максимални 1.800 лица. Без соодветен сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2 нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.

Играчите и тренерот Веселин Вујовиќ исто така повикаа што поголем број на навивачите да присуствуваат на трибините. Верните „Комити“ исто така се подготвени да ја дадат поддршката и издвоија пет причини, поводи зошто да се наполни СЦ „Јане Сандански“ во среда.

Вујовиќ: Вардар без навивачи не е Вардар

– За оние кои го сакаат Вардар, и еден е доволен – ИГРА ВАРДАР! Но, да се потсетиме и да ги потсетиме другите:

1) МИХАЈЛО МИХАЈЛОВСКИ!
Доколку постоеше мерач за тоа кој колку го сака, се посветил, кој колку време потрошил и придонел за Вардар, името на старо-новиот Сопственик на РК Вардар ќе биде на врвот на листата!
Заслужува Михо – заслугите се негови!

2) ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ – ВУЈО!
Ајварден, 30-ти Септември, 2014-та беше моментот кога се разделивме од Вујо (како веќе тренер на Загреб) и од Кале, и ветивме дека ќе се соединиме повторно! Ова е моментот…

3) КОМИТИ ЗАПАД!
Ова ќе биде прв натпревар каде официјално ќе се појавиме во сала по долго време. Веќе го поздравивме Вардар на тренинг пред ланското дерби, но ова ќе биде првпат во сала!

4) ЈАНЕ САНДАНСКИ! Да се потсетиме на енергијата која ја создаваме во овој Ракометен храм, да создадеме атмосфера по која сме препознатливи во Европа и насекаде каде што се игра ракомет!

5) Да ги поздравиме Столе, Тимур и останатите, да ги поддржиме новите Вардарци, кои ќе го продолжат континуитетот на настапи во Европската елита, и на чии плеќи има дрес кој тежи две титули Европски прваци, и на кои нема Вардарец и Комита кој сезонава не би додал уште една. Неблагодарно е да очекуваме, Храбро е да се надеваме но никој не може да ни забрани потајно да посакуваме!

Не сме биле одамна, и по се она што ни се случуваше и случува со Фудбалскиот Клуб, да создадеме препознатлива победничка атмосфера, да се порадуваме со другарите и со Шампионите на терен, и да се подружиме на трибина како некогаш! СИТЕ ВО САЛА!!! – објавија „Комити“.

Вардар ќе добие 50.000 евра за трансферот на Гурбиндо во Динамо Букурешт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот