„Комити“ со бургери и пиво ќе се загреваат за дербито против Еурофарм Пелистер

Во недела на 26-ти март се игра големото ракометно дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во рамките од 5-тото коло во плеј-офот од Суперлигата.
Дербито е од огромна важност во битката за титулата, двете екипи во овој момент имаат по 15 бодови на табелата. Натпреварот се игра во терминот од 18:00 часот, а програмата на „Комити“ ќе започне од 13:00 часот.
„Во координација со РК Вардар, ги покануваме сите Комити и Вардарови навивачи на заедничка дружба во “Паркот на Езерцата” спроти салата “Јане Сандански”. Ладно пиво, DJ и бургери се одлична комбинација за добра дружба.
Почеток 13:00часот
Настанот завршува во 17:00 со што се упатуваме сите заедно кон сала. Дружбата продолжува во сала! На сите артикли кои се останати решивме да ги намалиме цените, затоа побрзајте количините се ограничени!
Карта + знаменце: 100ден
СЕ ГЛЕДАМЕ ВО НЕДЕЛА!“, стои во објавата на „Комити“