„Комити“: Симната е забраната за трансфери во ФК Вардар!

Фото: ФК Вардар

Во изминатиот период верната навивачка група „Комити“ преку социјалните мрежи стана главниот извор на информации кога е во прашање фудбалскиот клуб Вардар.

После успешната акција на „Комити“ за спас на ФК Вардар, вчера ја информираа јавноста дека добија уверување од поранешниот инвеститор Сергеј Самсоненко за наплата на долгот.

Денеска доаѓаат информации дека е симната забраната за трансфери во клубот, еве што се вели во нивната најнова објава:

– Денот го започнуваме со позитивни вести. Од ФИФА е стигнат допис дека е симната забраната за трансфери во ФК Вардар. Преодниот рок е завршен но постои можност во клубот да заиграат играчи на кои последен клуб им е ФК Вардар.

Први на нашата листа се Грне и Тане, кои и онака се дел од Вардар и сега. Имате ли вие предлози за играчи Вардарци кои можат да направат разлика и да му помогнат на клубот? – пренесуваат „Комити Скопје“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот