„Комити“: Секоја друга одлука освен доделување на титулата ќе значи директна провокација!

Верната навивачка група на Вардар: Резултатот е тој што е, ние сме прваци на Македонија со 11 бодови предност пред ривалот…

Завршена е натпреварувачката сезона 2019/20 во Македонија, така одлучија од нашата фудбалска федерација. Но, и натаму не е познато дали Вардар кој до прекинот на сезоната беше водечки на табелата ќе ја освои титулата или не.

Како што се најавува во следниот период ФФМ ќе ги одреди екипите кои ќе играат на меѓународната сцена.

Дел од играчите на Вардар на социјалните мрежи веќе ја прогласуваат екипата за шампион, а денеска се огласи и навивачката група на клубот, верните „Комити“:

Ваква страст, хемија и взаемно почитување помеѓу сите делови од семејството Вардар, немало одамна. Затоа резултатот е тој што е, Ние сме Прваци на Македонија со 11 бодови предност пред ривалот за титулата!

Прашањето кое виси и кое ни создава тензија е дали тоа што е очигледно според многумина чие мислење е релевантно, го препознаваат и во ФФМ?

Едно е сигурно, секоја друга одлука освен Признание и доделување на титулата, која е заслужена на теренот и чиста, ќе значи необјективност, навлегување во други моменти кои немаат допирна точка со спортот, и директна провокација кон цело Црвено-Црно семејство!

Веруваме во објективноста, и дека ќе преовлада сè она што го прави спортот привлечен и волшебен. Но истовремено, да се разбереме, Расизам и шовинизам нема да толерираме!

– „Комити Скопје“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот