„Комити“: Негативните вести од Анталија повторно ни го нарушуваат мирот!

– Како да сме осудени да страдаме за нашата љубов. Колку и да е нашата поддршка силна и безусловна, повторно не е доволно – велат навивачите на Вардар.

Навивачката група на Вардар, „Комити“ ја слушнаа информацијата дека Сергеј Самсоненко дека нема да продолжи да го финансира клубот и дека сите фудбалери се слободни да си побараат нова средина.

Денеска „Слободен печат“ контактираше со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов кој потврди дека Русинот побарал средба со градскиот татко.

Свое соопштение објавија верните „Комити“ кои повторно се загрижени, но големата љубов кон Вардар останува и дека со него ќе бидат во добри и лоши моменти.

фото: фејсбук

– Негативните вести од Анталија повторно ни го нарушуваат мирот и не вознемируваат пред почетокот на пролетната полусезона.
Без оглед на тоа што сите се на висината на задачата, повторно несреќата не прати, ни создава нови грижи кои ни го отежнуваат патот кон целта која заеднички ја зацртавме.
Оние на чиј грб е најголемиот товар, издржаа јуначки и им докажаа на сите а пред се на себеси дека со силна посветеност и верба можеме до целта.
Една љубов до нив и порака дека сме со нив до крајот…
Создадовме заедно една силна хемија и се препознавме во уникатна енергија која не сплоти како едно семејство во кое секој знае каква улога има и што треба да прави во интерес на остварувањето на големата слика. Создадовме рецепт кои дава резултат, ни носи победи, но и кој не исполнува духовно.
Но повторно неизвесност, повторно стресови, повторно турбуленции.
Како да сме осудени да страдаме за нашата љубов. Колку и да сме трпеливи и колку и да е нашата поддршка силна и безусловна, повторно не е доволно.
Покрај се ние сме тука, и секогаш ќе бидеме за да ги надживееме сите оние на кои им смета нашето постоење и ја посакуваат нашата несреќа. Ќе ги надживееме сите за потоа на нивниот епитаф го напишеме она што сме го кажале многу пати, а тие не го разбрале –

„Комити Скопје“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот