Комити не го оставаат Вардар ниту во Втора лига

фото: Комити/фејбук

Ведните навивачи на Вардар, „Комитите“ уште еднаш ја покажаа љубовта кон „црвено-црните“ и пред последниот натпревар оваа сезона се собраа пред Националната Арена „Тодор Проески“ за да им покажат и докажат на фудбалерите дека тие ќе бидат со нив и во Втората лига.

„Последен прволигашки натпревар на Вардар во наредните 15 месеци…
Анти-Вардаровата коалиција не дозволи уште едно чудо, иако и самото тоа што се натпреварувавме беше чудо. Направивме многу подвизи, извојувавме многу победи вон теренот, се надминавме себеси, името наше го поставивме многу високо, и со тоа го испровоциравме ѓаволот во нив, кој не дозволува да бидеме општествено позиционирани повисоко од една проблематична група над која треба да се тренира строгост, и да биде посочувана со прст во општеството.

Поставивме стандарди недостижни за нашата сцена, и сето тоа во време на пандемија, ограничувања, забрани. Пронајдовме начини да бидеме живи, иницијативни, енергични, иновативни, креативни, да ја развиваме колективната свест, и кога општествата тоа го дестимулираа, кога центрите на моќ промовираа само подаништво, покорност и послушност, без поставување прашања.

И за апсурдноста на нештата биде поголема, овозможија посетување на јавни настани, со ограничен капацитет до 30%, за потоа следниот ден да прецизираат дека тоа важи за се, освен за присуство на спортски натпревари. Дирекно насочено против нас. Во ред, нема да присуствуваме ниту на овој натпревар, но никој не може да ни забрани да бидеме во близина на Вардар, за да го славиме неговото име, и да покажеме дека никакви забрани кои се донесени дирекно против нас, нема да не скршат и да ја спречат нашата љубов кон Вардар.

Никој нема да не спречи да го носиме неговото име во срцата, да го втиснеме на кожата, да го цртаме на ѕидовите, да го опеваме во песните, да го вееме на нашите бајраци.

Никој нема да не спречи да бидеме црвено црни до коска, и да останеме такви и покрај се што прават за да се откажеме !
Нема откажување !
Нема повлекување !
Нема предавање !
Вардар е нашата радост и кога е време на тага и разочарувања.
ВАРДАР ЌЕ ЖИВЕЕ, затоа што сите ние даваме дел од нас, и се подредуваме за да спречиме неговото тело да биде безживотно“, објавија „Комитите“.

Фото: Комити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот