„Комити“ ќе бидат осмиот играч: Повторно нека грми за Вардаровата љубов

„Комити“ подготвени за нова одлична атмосфера во СЦ „Јане Сандански“ по која се препознатливи во Европа/Фото: rkvardar.mk Денис Дуковски

Ракометарите на Вардар 1961 в среда со почеток од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје ќе го играат својо четврти натпревар сезонава во Лигата на шампионите.

Нов противник на „црвено-црните“ е францускиот Монпелје во рамките од групата „А“, еден незгоден противник кој иако на последниот меч во шампионатот загуби изненадувачки од Сесон, во минатото коло од ЛШ го совлада германскиот гигант Кил.

Тренерот на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ на денешната прес конференција повторно ги повика верните навивачи на клубот.

Нема сомнение дека повторно ќе се слуша поддршката од трибините, а Вујовиќ посакува „Комити“ да бидат осмиот играч, или се нападне противникот „8 на 6“.

Навивачката група го најавува овој нов натпревар во ЛШ со зборовите на Вујо: Ако дојдат навивачите против Монпелје, ќе играме не сум седум туку осум на шест“.

– Да бидеме утре тој осмиот играч, кој ќе им даде дополнителни мотиви и енергија на црвено-црните! Повторно нека грми за Вардаровата љубов! – најавија „Комити“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот