„Комити“ ја започнаа акцијата, купи билет за спас на Вардар

Најверните навивачи на Вардар, „Комитите“ вечерва ја започнаа претходно најавената акција за спас на најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија кој има огромни финансиски проблеми. Вардарци се единствениот прволигаш кој се уште не ги започнал подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Вардарци ги ,,гази” времето  бидејќи на 14 февруари треба да го играат натпреварот од првото пролетно коло против Пелистер на домашен терен.

Од денеска преку онлајн мрежата на МК Тикетс може да се купи „билет за спас на Вардар“ по цена од 100 денари и тоа на овој ЛИНК.

Храброста е нашиот избор, дела наместо зборови.
Имаме можност да напишеме нови славни страници од историјата на црвено црниот свет, а за тоа да го направиме потребно е да направиме само еден мал чекор, да купиме билет на еден натпревар каде игра нашиот Вардар.
Ова е шанса за сите нас кои од страна навивавме нештата да тргнат во вистинската насока, чекајќи други да ја завршат работата. Сега од нас зависи, никој од страна нема да го направи тоа што е наша чест и привилегија да го направиме, никој не може да го одбрани посилно Вардар од нас Вардарците…
КУПИ БИЛЕТ ЗА СПАС НА ВАРДАР !!!

Секој билет значи, секој билет е еден чекор поблиску до целта, за секој билет Вардар ќе ви биде благодарен, но сакајќи да дадеме на значење на историските години за ФК ВАРДАР:
47 билети за СПАС НА ВАРДАР негов ќе значат пред се признание за вашето лично учество, но и вашето име ќе биде запишано на клубските ѕидини покрај забележителните моменти од богатата клубска историја.
87 или повеќе билети за СПАС НА ВАРДАР ќе ви доделат Сертификат заверен од ФК Вардар, како признание за вашето лично или учеството на вашето Здружение, Организација, Компанија во борбата за спас на Вардар.

Да се сплотиме и сите заедно да бидеме Вардар !
Бидете со нас, многу скоро акцијата започнува, па ова нека биде општ повик за #МОБИЛИЗАЦИЈА“, порачуваат Комитите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот