„Комити“ ја дадоа поддршката, целта на ФК Вардар е враќање во Првата лига

Вардар им се заблагодарува на сите добронамерни, потврдувајки ја зацртаната цел на клубот за враќањето на старите позиции/Фото: fkvardar.mk

Фудбалскиот клуб Вардар кој од следната сезона ќе настапува во Втората лига денеска ги започна летните подготовки.

Првите тренинзи започнаа на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, „црвено-црните“ ќе бидат предводени од новиот тренер Горан Симов кој своевремено како голман ги бранеше боите на најтрофејниот клуб.

Доста играчи си заминаа, но и се ангажирани голем број на засилувања, во продолжение кои засега „новајлии“ се во Вардар и на кои позиции играат:

Филип Петров (лево, десно крило), Дарко Стојанов (дефанзивец), Трајче Стојкоски (дефанзивец), Ристе Илијовски (лев бек, лево крило), Петар Љамчевски (среден ред, крило), Оливер Пеев (играч од средината на теренот), Дарко Гроздановски (напаѓач), Борис Јакимовски (десно крило), Ненад Тодоровски (лево крило), Александар Паноски (лево крило) и Вилдан Керим (напаѓач).

Како што и најавија преку социјалните мрежи, верните „Комити“ ја дадоа и сега поддршката кога е најпотребна, а сега тоа конечно го направија од нивната Западна трибини на нашиот најголем стадион.

– Кумовите на сценариото за нашето обезличување и деморализирање, преку газењето врз нашата светост – Вардар, и неговото фрлање во провалија, немаат многу причини за радости. Ние сме тука, компактни, борбено способни, со полн капацитет за возвраќање на удари, и спремни за контра напади до конечна победа!
Вардар Живее! Успеавме! Издржавме машки се што ни приредија, и не дозволивме Вардар да биде понижен и погазен. Сега во клубот кој го сакаме доаѓа нова структура, нови луѓе, нова енергија, а сепак остануваат стари целите и амбициите, до кои сепак за да стигнеме ќе треба да помине нешто подолго време, и да го изодиме потешкиот пат…Во секој случај, заедно градиме нова победничка приказна! Заедно градиме нов почеток! Заедно со новиот Вардар до старите цели и слава! – напишаа „Комити“ на Фејсбук.

Симов и ФК Вардар имаат јасна цел, а тоа е враќање во Првата македонска фудбалска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот