„Комити“: Гледате ладнокрвно како тоне она што на многумина од нас ни е светост!

Фото: facebook.com/KomitiZapad87/

Верните „Комити“ и натаму се прашуваат до кога ќе трае неизвесноста околу иднината на фудбалскиот клуб Вардар…

Тие со својата успешна акција во изминатиот период докажаа дека и во најлошите моменти се креваат високо и дека се тука да помогнат колку што можат.

Но, секојдневно истовремено се молат за некаков позитивен знак од „помоќните“ со цел да помогнат да се врати клубот на вистинскиот колосек..

– Што се случува зад кулисите на оваа херојска борба за спас на Вардар? Па дали сте нормални што го фрлате Вардар во буниште додека си решавате ваши спорови? Нели ја имате барем и таа мала емоција и човечност во вас. Гледате ладнокрвно како тоне она што на многумина од нас ни е светост, национален идентитет, и нешто со што се поистоветува овој напатен народ, и не мрдате со прст да промените.

Толку ли е бедна таа гола борба за власт, што ја фокусирате сета ваша енергија, за обезбедување привилегии и бенефит што никој друг, освен вас самите нема да го види и почувствува? Каде е Вардар во вашите приказни и стратегии?

ВИДЕО | Миленковски од „Комити“: Кога има љубов кон клубот се е возможно – ова е прв случај навивачка група да го распродаде стадионот

Каде е народот, кој јасно кажа и покажа дека го сака Вардар и кој повика на Мобилизација за спас на само она мало што остана, свето и чисто, и во што веруваме сите ние? Со што ја храните таа ваша ароганција и себичност? Со страдањето на обичниот народ кој сака да побегне од таа ваша политика, која креира само раздори, и поделби кај народот?

Обидете се малку да размислувате сестрано и опширно, а не само фокусирано во играње на дворските игри! Во која држава ќе живееме сите ние доколку немаме симболи кои не подигаат како нација? Дали на оваа наша држава ѝ е потребен Вардар? – напишаа „Комити Скопје“ на својата фејсбук страница.

Воедно пренесуваат дека поранешниот македонски репрезентативец Артим Шаќири и поранешен член на „црвено-црните“ се обидува да го спаси ФК Вардар.

– И зошто сеуште никој не го контактирал нашиот Артим Шаќири, кој е единствен кој достави писмо со намери како интерес за инвестирање во Вардар, преку извесна Шпанска Компанија? Известени се и во ФК Вардар, известен е и градот Скопје, но никој не го контактирал сеуште. Зошто, имате некое решение или алтернатива? – напишаа „Комити Скопје“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот