„Комити“ ги платија сите казни за своите членови од дербито против Еурофарм Пелистер

Фото: Komiti Skopje (FB)

Во македонската спортска јавност се уште се актуелни случувањата од дербито минатиот викенд во кое Вардар славеше против Еурофарм Пелистер со 31:24, сепак оваа средба беше обележана со многу инциденти.

Вардаровите навивачи, „Комити“ испровоцирани од битолскиот „Чкембари“ се симнаа на теренот, а во целиот хаос дел од нив заработија казни и прекршочни пријави.

Денес навивачката група „Комити“ преку својот профил објави дека сите казни за нивните навивачи од оваа средба се платени.

„Собирот пред С.Ц. Јане Сандански помина одлично. Дружба на генерации Вардарови навивачи, заедничка песна на комитските екипи од сите населби и подгрупи и сето крунисано со победа на теренот и на трибините!

Групата одлучи паричните средства за казните кои стигнаа до нашите членови, да ги покрие во целост. Никогаш нема да дозволиме дивеење и напад врз симпатизерите на клубот. Одговоривме така како што заслужија!

Во сабота, да ја наполниме трибината – да грми за Вардар наш! Трибината цела – во кошула бела!“,објавија „Комити“.

Приведени 18 лица во хаосот на дербито помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот