„Комити“: Добивме уверување дека Самсоненко ќе си ги регулира обврските!

Фото: facebook.com/KomitiZapad87

В сабота е закажан натпреварот од 24 коло во Првата македонска лига помеѓу екипите на Вардар и Шкендија со почеток од 15.00 часот. Верната навивачка група на Вардар, „Комити“ пренесуваат дека одигрувањето на овој дуел нема да биде доведено во прашање и покрај техничките проблеми.

Воедно раководството на клубот во знак на добра волја во кани ФК Вардар од наредната недела да се врати на тренинзи во Тренинг кампот во Хиподром.

Исто така добија уверување дека поранешниот инвеститор Сергеј Самсоненко ќе си ги регулира обврските заклучно со 31.12.2020.

– И покрај техничките проблеми, сепак одигрувањето на натпреварот против Шкендија во Сабота нема да биде доведено во прашање, односно ќе се одигра во предвидениот термин. Исто така актуелното раководство на Фудбалскиот Клуб Вардар во знак на добра волја го кани ФК Вардар од наредната Недела да се врати со тренинзи во Тренинг Кампот во Хиподром.

Ова се конструктивни потези кои му доликуваат на реномето на Вардар. Сепак ова се потези на раководство во заминување, кое веќе не е во можност да ги сервисира своите обврски, но сака да се прости од клубот кој го водеше речиси 7 години барем со коректен однос, кога веќе не може во целост да ги регулира своите доспеани обврски, но и оние кои настануваат и ќе настануваат со тековното функционирање на клубот.

Колку и сево ова да го примаме со негодување, сепак принципиелноста е важна, и без оглед на тоа што според договорот актуелното раководство треба да го менаџира клубот уште 3 години, сепак со сила убавина не бидува, и едноставно не можеме да очекуваме некој кој не е во можност, да го води клубот и понатаму, и да се соочуваме со проблеми какви што имаме сега.

Воедно добивме уверување дека обврските веќе поранешниот инвеститор Самсоненко ќе си ги регулира заклучно со 31.12.2020г., односно ќе приложи гаранција со залог на личен имот за осигурување на наплатата на долгот, во временска рамка, слично како до Ракометниот Клуб Вардар.

Правните аспекти и импликации од ваквата ситуација не можеме да ги коментираме, но можеме да заклучиме дека во клубот е потребна нова енергија и перспектива. Не може повеќе да трае оваа сага, и редно време е сите да се соочиме со реалноста дека Вардар треба да биде вратен кај своите основачи, и од таму да се собере храброст да се прифати честа и одговорноста да му се обезбеди на клубот иднина со која ќе бидеме горди сите ние кои го сакаме Вардар.

Сега е време да се најде праведно решение каде Вардар но и сите страни ќе бидат победници, а ние сме тука да помогнеме и да олесниме да се дојде до истото.
Апелираме: НЕ МУ ГО ВРТЕТЕ ГРБОТ НА ВАРДАР! Покажете Храброст и подајте му рака на срцето на Скопје! – напишаа „Комити Скопје“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот