„Комити“: Дајте ни лиценца, играме на најубав стадион на Балканот!

фото: фејсбук/фк вардар

Верните навивачи на Вардар велат дека имаат сè што треба за да ја претставуваат Македонија во Европа во најдобро светло.

Веќе е познато дека рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко после шест години си заминува од редовите на ФК Вардар.

Остануваат дилемите што ќе биде со добивањето на лиценцата за настап на „црвено-црните“ во квалификациите ова лето. Се поставува прашањето дали Самсоненко има намера да ги подмири долговите за да добие клубот лиценца..

Се огласи и навивачката група „Комити“ која бара Вардар да ја претставува Македонија на меѓународната сцена…

Во меѓувреме ФФМ одлучи да продолжи Првата лига со плејоф и без испаѓање

Играме на најубав и најмодерен стадион на Балканот! Тренираме на најубавиот и најмодерниот тренинг камп на Балканот!
Имаме најперспективни играчи и најлојални борци. Големи и квалитетни како луѓе, со срца планини! Нив ги предводи докажан Вардарец и Македонист, Маршал Генералисимус по ранк…

фото: принтскрин/фејсбук

Имаме Црвено – Црна навивачка Армија, која мотивирана може да го наполни Запад до врв! Имаме се што треба за да ја претставиме Македонија во Европа во најдобро светло! Дајте ни да играме, за да славиме Титула!

Дајте ни да навиваме, за да се испразниме емотивно, но исполниме душевно! Дајте ни Лиценца, да не види и чуе Европа!
За вас тоа е можеби малку и незначително, во реалноста тоа е нормално и задолжително, но за нас е воздухот кој го дишеме!

„Комити Скопје“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот