Комити: Бараме одговорност, нема играње со Вардар, нема ни со нас!

Верната навивачка група „Комити“ преку социјалната мрежа Фејсбук ја коментираше одлуката на ФФМ да не се додели лиценца на Вардар кој остана без настап во Европа.

Фановите на овој клуб не се мешаат во политиката и финансиите, но чувствуваат одговорност да излезат пред јавноста и да прашаат зошто мора да ги доживуваат овие моменти повторно:

По официјалните информации за недоделување на лиценца за настап во Европа, како навивачи на Вардар кои останаа трпеливи, доследни, повеќе од коректни, се чувствуваме целосно изневерени од сите кои на кои им беше доделена нашата доверба.

Клубот две години по ред не настапува во Европа иако според игрите на терен, местото на табелата, составот и комплетниот ентузијазам на играчите, стручниот штаб и навивачите, тоа и тоа како го заслуживме.

Деновиве и ние самите добиваме критики поради нашето недејствување или недоволна посветеност при решавањето на проблемот во ФК Вардар. Ние иако долго време не се мешаме во раководењето, немаме никакви ингеренции во раководењето на клубот, ниту се мешаме во политиката и финансиите, сепак чувствуваме одговорност да излеземе пред јавноста и да прашаме зошто мора да ги доживуваме овие моменти повторно, како и предходно низ историјата?

Во комуникација сме со преставници на управата на клубот, и од таму цело време добиваме уверување дека клубот со целиот свој капацитет работи во изнаоѓање на решение. Како што не информираат, при барањето на решение вклучени се сегашната управа како и основачите на клубот пред се град Скопје но и ПУИГ, од каде исто така добивале логистичка помош. Од таму стигаат информации дека се ‘се чека на новите наводни управители, кои треба да ги превземат правата и обврските на клубот.

Сакаме да знаеме за намерите на новите наводни инвеститори кои треба да го преземат клубот, од кои се чекало финалниот потег за расчистување на состојбите во клубот и негово превземање и раководење.

Воопшто не ни се допаѓа што ситуацијата се одолговлекува, и неизбежно ќе биде дел од изборниот процес, на што ние цело време се противиме, затоа што Вардар бил, е и ќе биде над сите партии и дневнополитички препукувања.

Бараме одговорност, затоа што Вардар не може да биде место каде се импровизира!
Бараме сериозност, нема играње со Вардар нема ни со нас!

Комити Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот