Комисиска амандманска расправа за законските измени за недела неработен ден

сити мол скопје луѓе маски
Трговски центар „Сити мол“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во второ читање е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика.

Со предложените измени на Законот за работни односи се предвидува недела да биде ден за неделен одмор. Со оваа измена, според министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, се прави баланс на приватниот и професионалниот живот на работниците.

За околу 92 проценти од работниците во државата недела ќе биде ден на неделен одмор. Работниците во дејностите кои се неопходни да функционираат, ќе добиваат за 50 отсто повисока дневница. Трговските центри во недела ќе работат само во една смена, од 10 до 18 часот, а вработените ќе добиваат 100 отсто повисока дневница за работа во недела. Трговските субјекти во моловите ќе имаат обврска да уплаќаат износ во висина од 2 отсто од остварениот промет во недела во Буџетот, а овие средства ќе бидат искористени за основање на нови детски градинки.

За спроведување на овој закон се потребни дополнителни финансиски средства од државниот Буџет. Врз основа на расположивите податоци за бројот на вработени во јавен сектор, кои би работеле во недела (30 проценти), просечната плата во земјата се проценува дека фискалните импликации би изнесувале околу 43 100 000 денари месечно, односно 516 600 000 денари на годишно ниво.
Исто така, во рамки на оваа седница пратениците треба да ги разгледаат и Годишниот извештај за работењето на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2020 година и Финансиските извештаи на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2020 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот