Комисијата за здравство ќе го разгледува Законот за здравствената заштита

Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска се закажани седници на пет комисии.

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, за предлог – законите за задолжување кај Европската инвестициона банка за проектот „Пречистителна станица за отпадни води во Скопје” и кај Кредитната банка за обнова – КфВ за Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови. На дневен ред се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход, на Законот за ДДВ и на Законот за данокот на добивка, како и Предлог – законот за данок на моторни возила.

Прочитајте и...  Се подготвува пријава против пет високи раководни службеници во СВР Велес

Комисијата за здравство треба да го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, а Комисијата за труд и социјална политика Предлог законот за младински додаток и измените на законите за социјалната заштита, за пензиското и инвалидското осигурување и за заштита на децата.

Измените на законите за поштенските услуги, за градежно земјиште и за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, се на дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Седница ќе одржи и Законодавно-првната комисија.

Прочитај повеќе

ДРАМА ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА: Виничанец сомнителен на коронавирус побегнал низ прозорец, полицијата го чува во домашен карантин

МИА Агенција

Загина уште еден турски војник, а двајца се ранети на северозападот на Сирија

Слободен печат

Виена: Тинејџер 30 пати со нож ја прободел поранешната девојка, лекарите се борат за нејзиниот живот

Слободен печат

Министрите за здравство на земјите од ЕУ на состанок во Брисел за коронавирусот

Слободен печат

Американски Апелациски суд ја блокира програмата на Трамп за мигрантите

Слободен печат

Заев му подари на Мицкоски значка со НАТО, Мицкоски нему празен „Луј Витон“ паричник

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заев откри дека ќе биде носител на изборната листа во четворката

Слободен печат

Долгови или инвестиции, што дебатираа Заев и Мицкоски за економијата

Слободен печат

Трамп потврди: Ќе потпишеме договор со талибанците во Авганистан

Слободен печат

Заев ги покажа договорите од Мицкоски како директор на ЕЛЕМ: Иста услуга еднаш 1,6 милиони, после 8 милиони евра

Слободен печат

Судир на автобус и воз во Пакистан, најмалку 14 загинати

МИА Агенција

Падна хеликоптер во Русија, се верува дека има загинати

Слободен печат