Комисијата за заразни болести препорача двојно да се зголемат капацитетите за тестирање од Ковид

Комисија за заразни болести Мехмедовиќ-Петличковски (1)
Д-р Александар Петличковски и Д-р Злате Мехмедовиќ / Фото: МИА

Комисијата за Заразни болести на вчерашниот состанок не препорача нови заштитни мерки против коронавирусот.

– Според бројот на слободни болнички кревети, и малиот број на хоспитализирани и смртни случаи, се наоѓаме во зелена зона на низок ризок од трансмисија од ковид. Забележано е зголемување на амбулантски прегледи, но не се забележуваат зачестен број на компликации предизвикани од вирусот, велат од Министерството за здравство, по консултација со Комисијата.

Комисијата за заразни болести исто така препорачува двојно зголемување на капацитетите за тестирање, на пунктовите на Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје.

-Остануваат на сила важечките препораки, да се носи заштитна маска во јавен превоз, во здравствените институции, во аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост. Да се одржува дистанца и редовно да се мијат раце, велат од Министерството за здравство.

Согласно последната статистика од Институтот за јавно здравје, во претходното деноноќие се направени 1 385 тестови, а регистрирани се 504 случаи на ковид-19, од кои 133 се реинфекции. Оздравени се 321 пациенти, а нема пријавени починати лица.

Најмногу заразни има во Скопје, а во Крушево, Пехчево и Македонска Каменица нема активни случаи на вирусот.

Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против ковид-19. Вакцината може да ја примат сите граѓани над 18 години, на сите вакцинални пунктови без закажување. Четвртата доза се спроведува со мРНА вакцината „Фајзер“ или „Модерна“. Растојанието од третата доза до четвртата се препорачува да биде најмалку четири месеци.

Во светот веќе петта недела расте бројот на нови случаи заразени со новиот коронавирус, додека бројот на починати останува релативно стабилен, информираше вчера Светската здравствена организација (СЗО).

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус порача дека пандемијата и понатаму претставува глобална вонредна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот