Комисијата за заразни болести предлага укинување на полицискиот час и отворање на угостителските објекти и границите

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Фокус неофицијално дознава дека на денешната Комисија за заразни болести било разговарано за отворање на кафулињата и рестораните од утре, отворање на границите од 1 јуни во договор со соседните држави, како и за укинување на полицискиот час со оглед на тоа што не се почитува.

Министерот за здравство, Венко Филипче ќе ги изнесе заклучоците до Владата и истите ќе бидат дискутирани на владина седница.

Според претходни препораки на Комисијата, треба да се донесе одлука по кои критериуми ќе се отворат кафеаните, односно да има ограничен број на посетители, растојание помеѓу масите или можност да функционира само терсата или летната бавча на објектите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот