Комисијата за заразни болести не препорача нови анти-ковид мерки, состанокот заврши за еден час

Ковид-состојба во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Предмалку заврши едночасовниот состанок на Комисијата за заразни болести и нови мерки нема. Препорачано е само почитување на постоечките мерки носење маска и држење дистанца и да се зголеми вакциналниот опфат.

Епидемиолошката слика од страна на комисијата била оценета како стабилна според нашите извори иако од град во град се разликува зависно од опфатот на вакцинирани. Најголем притисок за хоспитализации има во Скопје и тоа од невакцинирани, какви што се 60 проценти од македонските  граѓани.

Вкупно 8334 активни случаи на ковид има во моментов од кои најмногу во Скопје 3773.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот