Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок со скопските градоначалници

Скопје / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок со скопските градоначалници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Се очекува, на состанокот да се дискутира за можноста локалните самоуправи да се вклучат во справувањето со коронавирусот.

– Мора на секое ниво да се јакне свеста за превенција од коронавирусот, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Повеќе од 40 големи кластери со коронавирус се регистрирани на територија на целата држава, а според надлежните, тоа е резултат на непочитување на мерките за лична заштита, дистанца и избегнување групирања и собири.

Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје, во државава се потврдени 101 нов случај со Ковид-19, вкупно дијагностицирани се 5.106. Најмногу заразени се дијагностицирани во Скопје – 2.498, од кои најголем број 384 во oпштината Чаир. Бројот на активни случаи во градот изнесува 1.699.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот