Комисијата за заразни болести и предложи на Владата карантин од сабота до вторник

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Полицискиот час за претстојниот викенд, кој е продолжен со два празника, ќе трае од сабота во 19 часот до 05 во вторник.

Ова, како што информира денеска министерот за здравство Венко Филипчер, е предлогот на Комисијата за заразни болести што ќе го достави до Владата, која треба да ја донесе конечната одлука.

– Проценките се дека најголем процент од новите случаи на ковид-19 во изминатите денови се од приватни и семејни собири. Поради непочитувањето на мерките, проценките се дека само вакви ригорозни чекори може да дадат ефект. За сите други рестрикции, како што е отворањето на угостителските објекти или укинување на полицискиот час, Владата ќе одлучува следната седмица, рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот