Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува за нови мерки: Како ќе се заштитат границите од делта сојот?

epa08246686 A Macedonian police officer wearing a face mask passes back the documents of a passenger crossing the Tabanovce Serbian - North Macedinian border near Kumanovo, Republic of North Macedonia, 25 February 2020. The Macedonian government decided to take stronger control on border crossing because of recent Coronavirus cases in Italy. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува за воведување рестрикции во однос на заштита на границите против ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој се рашири низ Европа и ќе процени дали тестовите се вистинската мерка со која ќе може да се заштитиме. Во исто време, од денеска почнува и вакциницијата на вработените во основните и средните училишта во државата.

– Овој процес на имунизација на наставниот и ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура го спроведуваме за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година, соопшти Министерството за здравство.

Оваа недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високообразовните институции.

Во моментов ресорното Министерството најмногу е фокусирано на вакцинацијата и се очекува до петок да бидат вакцинирани околу 500.000 граѓани. Вакцинацијата се одвива во сите пунктови во земјава и поделени се сите вакцини, согласно бројот на пријавени граѓани.

Здравствените власти сметаат дека тоа е недоволно и апелираат граѓаните да се пријават за вакцинација. Во зголемувањето на бројот на имунизирани лица треба да придонесе и теренската вакцинација, која е веќе почната кај нас. Властите најавуваат дека теренската вакцинација ќе се интензивира и ќе придонесе да се вакцинираат жителите кои се хронично болни и помалку подвижни, а кои живеат во оддалечените места околу големите градови.

Во петокот министерот за здравство Венко Филипче најави дека денеска ќе има состанок со директорите на сите здравствени домови. Стигнати се малите фрижидери, кои, како што рече, треба да се дел од опремата за теренската вакцинација.

Во однос на вакцинирањето на трудниците и доилките, министерот посочи дека ставот на Стручниот комитет е дека за нив треба да се преферира вакцината на „Фајзер”.

Од ресорното Министерство уверуваат дека сите граѓани кои изразиле желба за вакцинација ќе се вакцинираат и додаваат дека процесот оди многу брзо и оти располагаат и со голем број вакцини.

Најавуваат дека периодов ќе пристигнуваат дополнителнтелни пратки вакцини кои ги купивме во директни преговори со „Фајзер”, „Спутник В”, како и вакцини преку ковакс механизмот.

Во земјава има и понатаму има значителен пад на бројот на пациенти заразени со Ковид-19. Во деноноќието меѓу саботата и неделата се направени 2.760 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на КОВИД-19, по два во Скопје и Тетово. Нема починати, а регистрирани се шест оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 890.381 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.710, бројката на оздравени пациенти е 150.073, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 151.

Во Струга, Кочани, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница, Пробиштип, Валандово, Богданци, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран нема активни случаи со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот