Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се комплетира

Членовите на Комисијата за прашања за изборите и именувањата денеска ја утврдуваат предлог листата за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

По јавната расправа и по направените интервјуа, членовите на собраниската комисијата, од вкупниот број пријавени кандидати треба да изберат 7, колку што брои новото собраниско тело.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се надеваат дека ќе се најдат стручни и квалитетни кадри.

– Денес се прави ранг листа на предложените членови. Се надевам дека ќе бидат избрани стручни и квалитетни кадри кои ќе придонесат за функционирање на новата комисија која е многу битна во борбата со дискриминација. Очекувам дека партиското влјание ќе биде сведено на минимум, бидејќи мнозинството од членови се од владејачката коалиција. Пред се од ова стручно тело очекуваме работа и резулати во наредниот период и токму затоа не треба да не се политизира, вели Никола Мицевски.

 

И од владејачкото мнозинство очекуваат дека во комисијата ќе се најдат вистинските луѓе кои ќе се справат со дискриминацијата во нашето општество.

– Се надевам дека членовите ќе бидат избрани со консензус од сите политички партии бидејќи треба да избереме независна транспарентна комисија за зашита и спречување на дискриминација. Јавната расправа е завршена и денеска ја изготвуваме предлог листата на членови која ќе ја доставиме до пленумот до конечно одлучување. Имајќи го во предвид кандидатие кои беа испрашувани на јавната расправа сметам убеден сум дека ќе имаме независна комисија, вели претседателот на Комисијата за прашања за избори и именувања, Костадин Костадинов од СДСМ.

Меѓу вкупно пријавените 44 кандидати има правници, доктори на наука, инвалидизирани лица, односно луѓе кои се имаат комплетни на заштита на човековите права. Целта на комисијата е да се справи со етничка, политичка, родова, сексуална, дискриминација.

Комисијата треба да реагира но, нема наделжност да отвара истрaга Комисијата дава препораки до надлежните институции, судови, јавно обвинителство МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот