Комисијата за односи со верските заедници го осуди вандалскиот чин на сквернавење на гробиштата во Камник

Од Комисијата изразуваат сочувство до семејствата, чии најмили почиваат на овие гробишта и го споделуваат немирот и револтот по овој нечовечки акт.

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи преку соопштение најостро го осуди вандалскиот чин на сквернавење на христијанските гробишта во скопско Камник.

Од Комисијата изразуваат сочувство до семејствата, чии најмили почиваат на овие гробишта и го споделуваат немирот и револтот по овој нечовечки акт.

Комисијата за односи со верските заедници упатува јавен апел до органите на прогонот да ги преземат сите потребни дејствија за поскоро откривање на сторителите, за истите да бидат најостро санкционирани од правосудните органи. Изразуваме задоволство од реакцијата на АД Бутел, кое како одговорно правно лице најавува санирање на сите штети врз 62-та гроба на свој трошок, како и од најавата која ја добивме од градоначалникот на Општина Гази Баба дека ќе се преземат работи за поставување на видео надзор кој би превенирал повторување на кривичното дело, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот