Комисијата за одбрана и безбедност денеска ги прифати измените на Законот за јавни собири

фото: Слободен печат

Овој Предлог-закон не предизвикува финансиски импликации врз Буџетот на државата.

Со седум гласа „за” собраниската Комисијата за одбрана и безбедност на денешната седница го прифати Предлог-законот за изменување на Законот за јавни собири, чија цел е усогласување на овој Закон со Законот за прекршоци во сферата на изрекување на глобата.

Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска образложувајќи го Предлог-законот појасни дека измените што треба Парламентот да ги усвои значат намалување на износот на глобите за физичките лица и усогласување на глобите за правните и одговорните лица во правните лица (мали, микро, средни и макро трговци) кои нема да ги почитуваат одредбите на Законот што се однесуваат на организирање на јавните собири.

Следно, појасни Несторовска, е укинување на членот кој е поврзан со издавањето на платниот налог, затоа што, како што наведе, повеќе платен налог нема да се издава. Истовремено, со предложениот закон ќе се врши интервенција во однос на името на државата со цел имплементација на Уставните амандмани XXXIII – XXXVI и Уставниот закон за спроведување на Уставните амандмани.

Овој Предлог-закон не предизвикува финансиски импликации врз Буџетот на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот