Комисијата за избор и именување одложена по втор пат

фото: Слободен печат

Неизвесно е дали денеска ќе заврши Комисијата за избор и именување, откако беше и втор пат одложена.

На второто продолжение пратеничката Ивана Туфегиќ побара да се прескокнат првите 13 точки од дневниот ред и директно да се оди на последните две точки, едната за утврдување на листа на кандидати за членови на Советот на АВМУ и другата за Програмскот совет на МРТВ.

– За другите точки треба усогласување, но овие две што се поврзани со медиумските реформи може денеска да се дискутираат, рече Туфегиќ.

Оваа барање не го прифати претседателот на Комисијата Илија Димовски кој инсистира дневниот ред да оди по точка. Димовски повторно даде пауза.

Неофицијално проблемот постои заради тоа што владејачкото мнозинство во оваа комисија нема мнозинство, па може да се случи да биде надгласано, поради што се бара нова распределба.

Поради новата распределба на силите во собранието односно тоа што опозицијата изгуби дел од пратениците, треба да се направи и нова прераспределба по собраниските тела, појаснуваат пратеници од опозицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот