Комисијата за европски прашања не прифати ниту еден амандман за Предлог-законот за државјанство

Седница на Собрание на РСМ / Фото: МИА

Претседателот на Комисијата Арбер Адеми за МИА изјави дека амандманите биле разгледани и ниту еден не бил прифатен и усвоен од страна на членовите на комисијата, откако Членовите на собраниската Комисијата за европски прашања денеска, на вториот ден, го разгледаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка, во второ читање.

-Заврши и вториот ден со разгледување на сите амандмани. Иако на почеток, и на првиот ден и денеска, на вториот ден на диксусијата за Предлог-законот имаше доста процедурални интервенции од страна на пратениците од опозицијата. На крај, со мнозинство гласови се донесени одлуките од страна на комисијата, потенцира Адеми.

Овој Предлог-закон оди на пленарна седница на Собрание, поточно на 47-та седница.

За овој Предлог-закон имаше поднесено повеќе амандмани. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаше само шест амандамни кои, како што рече Адеми, биле неуредни и воопшто не биле разгледани. Тој информира дека добиле известување од претседателот на Собранието Талат Џафери дека тие амандамни нема да бидат доставени бидејќи се неуредни. Комисијата денеска ги разгледала само амандманите од пратеникот на Левица, Борислав Крмов.

Со Предлог-измените на законот треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето во сила на законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот