Комисијата пресудила: Мбапе е во право, ПСЖ ќе мора да му исплати 55 милиони евра

Фото: EPA-EFE/SERGIO PEREZ

Килијан Мбапе летово го напушти Пари Сен Жермен и премина во Реал Мадрид, а во тој момент започна и спор помеѓу него и францускиот гигант.

Раководството на ПСЖ сметаше дека поради заминувањето не треба на Мбапе да му го исплати бонусот во износ од 55 милиони евра, додека фудбалерот не се откажа и си ги бараше според него заслужените пари.

Целиот случај на крајот беше предаден на Правната комисија на француската Лига 1 која според последните информации пресудила во корист на фудбалерот.

Информациите на реномираниот „Л’Eкип“ се дека ПСЖ на Мбапе ќе мора да му го исплати договорениот бонус за лојалност бидејќи тој го одработил својот договор до крај, без разлика што не потпишал нов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот