Комисијата препорача да останат на сила истите досегашни мерки за угостителските објекти и администрацијата

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Министерството за здравство информира дека на денешниот состанок Комисијата за заразни болести дала препорака да останат на сила истите досегашни мерки за заштита од понатамошно ширење на ковид-19 вирусот.
Комисијата препорача да не се менува работното време на угостителските објекти и истите да продолжат да работат до 21:00 часот.
Работата во државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата останува иста, да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.
Во овој момент, здравствената ситуација со ковид-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките.
Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот