Комисијата која ја формираше Чулев разгледа вкупно 77 итни барања за патни исправи

Македонски пасоши/ Фото: МИА

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев формирана е Комисија која поради ограничениот број обрасци на патни исправи, по утврдени критериуми одлучува кои барања на граѓани се итни и неодложни да бидат процесуирани во итна постапка со цел издавање на патни исправи.

-Имајќи го во предвид наведеново , ги известуваме граѓаните дека барањата за издавање на патни исправи, поткрепени со соодветна документација, треба да бидат доставени до подрачните единици на Одделот за граѓански работи , со назнака дека се работи за ИТНИ барања за патни исправи кои се во надлежност на комисијата. – наведуваат во соопштение од МВР.

Барањата неопходно е да содржат телефонски број на лицето-подносител. Воедно МВР ја информира јавноста дека на 19.02.2020 година , Комисијата го одржа првиот состанок на кој беа разгледани вкупно 77 барања од граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот